Сите оние кои мислат дека Монпелје е најслабиот тим на овој Ф4 турнир се излажале. Францускиот тим игра одлично сезонава и заслужено се наоѓа во Келн. Доколку еден тим елиминира екипи од рангот на Флензбург и Барса, тогаш станува јасно дека се работи за квалитетен тим.
Од каде доаѓа најголемата опасност по нашиот гол!?
Секако, најпрвин мислиме на Валентин Порт. Десниот бек на Монпелје е главен играч во нападот на овој тим. Доколку нашата одбрана успее да го запре секогаш незгодниот бек шутер, тогаш ќе им биде многу тешко на останатите играчи да ги надополнат неговите планирани голови.
По Порт, доаѓа ред на уште еден фантастичен играч кој оваа сезона пристигна во Монпелје oд редовите на Шамбери. Се работи за Мелвин Ричардсон, синот на француската легенда Џексон Ричардсон. Ричардсон оваа сезона игра одлично во францускиот тим, со 54 постигнати погодоци е еден од главните реализатори во нападот на Монпелје заедно со Порт.
Левата бековска позиција по новата повреда на Гребил е резервирана за Јонас Тручановичиус. Исто како и Ричардсон, Литванецот ја игра најдобрата сезона во својата кариера. До овој момент Јонас со 54 голови е далеку напред зад останатите леви бекови на тимот, па така јасно е дека Тручановичиус во поголем дел од натпреварот ќе игра на таа страна.
Секако, тука не ги забораваме ниту легендарниот Мишел Гигу, потоа Симонет (ракометниот Меси), Фабрегас, голманот Жерар и тн.