Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (Фотогалерија) ФК Вардар генер. “2003“ ја одбрани титулата во регионалната-скопска лига, доделен трофејот за избраниците на Чунга Лунга
(Фотогалерија) ФК Вардар генер. “2003“ ја одбрани титулата во регионалната-скопска лига, доделен трофејот за избраниците на Чунга Лунга

(Фотогалерија) ФК Вардар генер. “2003“ ја одбрани титулата во регионалната-скопска лига, доделен трофејот за избраниците на Чунга Лунга

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година успеаа да ја одбранат титулата во регионалната-скопска лига. Уште во минатото коло го обезбедивме трофејот во ова натпреварување, кога имавме веќе осум бодови повеќе од тимот на Шкендија. Денес на теренот на Академијата го одигравме претпоследното коло против екипата на Милано, дуел кој заврши без голови 0:0.

На денешниот меч против Милано стартувавме со следниот состав: Стојковски, Марковски, Ѓорѓоски, Трпезановски, Давидовски, Стојановски, Прелоговски, Мирков, Андрески, Сељанац, Алими.

На клупата за резерви беа: Јовчев, Исмаиљи, Јовановски, Петрушевски, Тасески, Н.Петковски, Б.Петковски. Иако имавме неколку шанси сепак резултатот до крајот на мечот остана непроменет. Во игра влегоа сите играчи кои беа на клупата за резерви.

Пред почетокот на мечот на вардарци им беше доделен трофејот за освоената регионална-скопска лига, за натпреварувачката сезона 2017/18.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11