Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан со Ц.Гора на мегдан против Циндриќ и Карачиќ, повик за Србија доби Марсениќ

Борозан со Ц.Гора на мегдан против Циндриќ и Карачиќ, повик за Србија доби Марсениќ

Тројца вардарци ќе бидат дел од бараж двомечот помеѓу Црна Гора и Хрватска за пласман на Светското ракометно првенство во Германија и Данска идниот јануари. За Хрватска  повикани се Циндриќ и Карачиќ, а за Црна Гора, Борозан. Покрај нив повик за Србија доби Марсениќ.

Селекторот на Црна Гора, Драган Џукиќ објави список од 28 ракометари на кој смета за двомечот со Хрватска. На истиот сосема очеувано се најде бомбардерот на црвено-црниот ракометен колектив, Вуко Борозан. Тој е дел од списокот иако имаше контраверзи зимото околу неговиот настап на ЕП поради повреда здобиена во собраќајна несреќа.  Првиот меч помеѓу Хрватска и Црна Гора ќе се игра во Осијек  (9 јуни), а  реваншот е пет дена подоцна во Подгорица (14 јуни).

На списокот на Љубомир Обрадовиќ, селекторот на нашиот северен сосед, Србија се најде името на Мијајло Марсениќ. Тој е ден од поширокиот список од 28 ракометари за баражите со селекцијата на Португалија. Очекувано не беа повикани Абутовиќ Илија и Милиќ-Џамбо кои претходно ги одбиваа репрезентативните повици. Првиот меч се игра на 10.јуни во Ниш, реваншот се игра четири дена потоа во Повоа де Варзим.