Играчот на помладите пионери на ФК Вардар, Атом Фазлиу доби награда и признание за посебни спортски достигнувања и успеси во екипни и поединечни спортски дисциплини на поединци и клубови од општината Куманово. Признанието им го додели Општинскиот сојуз на спортови која секоја години доделува вакви награди. Атом успеа со помладите пионери на Вардар да ја освои шампионската титула во првенството. Тој во црвено-црниот дрес оваа сезона постигна вкупно 10 голови и заврши како втор најдобар стрелец кај помладите пионери на ФК Вардар.
Награди и признанија добија и спортисти од училишниот спорт, пензионери, рекреативни спорти, спортски работници, тренери, новинари и други.