Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кањелас: Вечно ќе бидам благодарен на Вардар, голем тим со неверојатни навивачи, клуб кој ги оствари моите соништа

Кањелас: Вечно ќе бидам благодарен на Вардар, голем тим со неверојатни навивачи, клуб кој ги оствари моите соништа

Вчера, екипата на РК Вардар го одигра последниот натпревар за оваа натпреварувачка сезона и тоа на гостувањето против екипата на Метлург, која ја совладавме со реултат 29:33. Ова беше и последен меч во Вардар за тренерскиот тандем, Гонзалез и Дејвис, како и за неколку играчи, меѓу кои и е Жоан Кањелас. Репрезентативецот на Шпанија одигра две сезони во црвено-црниот дрес и успеа минатата сезона да ја освои Лигата на Шампионите, што беше за него прва Европска титула. Сепак дојде време за збогум и последен поздрав, кој го најави Кањелас пред да замине од Скопје, а негова следна дестинација е Пик Сегед.

33990767_1760205017352299_5227233910882041856_n

-После две години поминати во Македонија, време е повторно да бидам дел од еден возбудлив проект. Вечно ќе бидам благодарен на Вардар што ми овозможи да уживам во одличен тим, со неверојатни навивачи, клуб кој ги оствари моите соништа, а тоа е првата Европска титула во мојата кариера. Беше незаборавно искуство, се гледаме наскоро.

И ние му посакуваме многу среќа во новата средина и многу успеси.