Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Две победи за Македонија против Словенија, пет играчи од Вардар добија минутажа на овие контролни дуели

Две победи за Македонија против Словенија, пет играчи од Вардар добија минутажа на овие контролни дуели

Изминативе денови, македонската фудбалска репрезентација до 16 години одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Словенија. Мечевите се одиграа на трениг центарот “Петар Милошевски“ и двата им припаднаа на Македонија.

За овие дуели настапија и пет играчи од ФК Вардар, кои добија своја минутажа од селекторот на оваа селекција, Марио Вујовиќ. На денешниот меч на кој славевме со 2:0, во стартните 11 беа Ѓурковски Салиу и Андоновски, додека во второто полувреме во игра влезе и Омерагиќ. При постигнување на вториот гол, најпрво со глава биеше Ѓурковски, кој ја погоди стативата, а одбиената топка стигна до Костески, кој ја смести во мрежата.  На првиот натпревар, кој исто така ни припадна нам, во првиот состав беше Али Асани, додека во текот на мечот шанса добија и останатите играчи на Вардар.