Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тамбе за посилен напад на Вардар

Тамбе за посилен напад на Вардар

Играч кој ни даде гол на пријателски натпревар во 2016 година треба да биде едно од неколкуте странски засилувања во тимот на Вардар. Се работи за Камерунецот Роберт Ндип Тамбе кој вчера беше објавен како потенцијално засилување од „Спорт 1“.

Вардар со напаѓачот има договорено речиси  се, па така се очекува да пристигне веќе на првата прозивка во базата на Вардар.

Инаку, Роберт Тамбе има одиграно еден дуел против Вардар и тоа во 2016 година на пријателскиот натпревар за Спартак Трнава кој заврши 1:1. На тој дуел стрелец на голот за Спартак беше токму Тамбе.

Тамбе покрај за тимот на Спартак Трнава, има настапувано и за Адана Демирспор, а има и 10 настапи за селекцијата на Камерун.