Утрово на терените на ФФМ стартуваше завршниот турнир во детската фудбалска лига, на кој четири генерации на ФК Вардар ќе се борат за златниот медал.
Вардаровата генерација “2005“ која ја предводи Ане Андовски успеаа да се пласира во полуфиналето на завршниот турнир, откако во четвртфиналната рунда беѓе убедливо подобра од екипата на Фудбал Старс (Кочани). Црвено-црните полесно од очекувањата, иако важеа за големи фаворити, успеаа да ја победат екипата од Кочани, со конечен резултат од 11:0.
Голеадата на овој дуел ја отвори Зоран Фидановски, кој успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Конечниот резултат говори за одразот на силите на двете екипи и за доминацијата на нашите млади надежи. Откако константно го пристискавме голот на противникот, беа направени три корни, по што судијата досуди казнен удар за црвено-црните. Истиот успешно го реализира Матеј Гаштаров, кој донесе предност од 2:0. На третиот гол не се чекаше многу време, кога противничката мрежа ја затресе Давор Лефковски, кој зголеми на 3:0. До крајот на првиот дел во листата на стрелци се запиша и Петар Пројковски, кој му донесе предност на својот тим од 4:0, по истекот на првите 30 минути.
Офанзивна игра на нашите млади надежи и во второто полувреме, кога успеавме да постигнеме нови голови. Прв гол на натпреварот постигна и Матеј Николовски, кој успеа да го зголеми резултатот на 5:0. Уште еден нов играч од редовите на Вардар успева да ја затресе мрежата на Фудбал Старс, тоа беше Тино Спасиќ, за веќе предност од 6:0. Со својот втор гол на денешниот дуел на Лефковски Давор, Вардар успева да го зголеми резултатот на 7:0.
Најдобриот голгетер на оваа генерација, Никола Величковски е следниот кој успева да се запише во листата на стрелци, што значеше и предност на Вардар од 8:0. Во следната акација поништен гол за Вардар на Лефковски, поради офсајд позиција. Дури и стоперот на вардарци, Влатко Кулуковски, ја погоди мрежата на кочанчани и донесе големување на резултатот на 9:0. До крајот на натпреварот, избраниците на Андовски постигнаа уште два гола. Најпрво на 10:0 зголеми Давор Лефковски, за конечниот резултат од 11:0, со својот четврти гол денес да го постави Давор Лефковски.
На полуфиналето кое на програмата е денес, вардарци ќе се сретнат со победникот од мечот помеѓу екипите на Шкендија и Фер Плеј.