На завршниот турнир во детската фудбалска лига, три генерации на ФК Вардар успеаа да освојат прво место, додека една стана вицешампион. Златниот медал заблеска на градите на генерациите родени “2005“, “2007“ и “2008“ година, додека сребрениот медал е за генерацијата “2006“. По одигрување на завршните натпревари, покрај трофеите и медалите за најдобрите екипи се доделуваа и поединечни награди за најдобар голман и стрелец.
Матеј Гаштаров беше вистински лидер на својата генер. “2005“ и на крајот заслужено е прогласен за најдобар стрелец на завршниот турнир.
Истава награда, но во генерација “2006“ ја доби и капитенот на Вардар, се работи за Дарко Сековски кој е најдобриот стрелец.
Лука Јаневски по втор пат е прогласен за најдобар голман во својата генерација “2007“ откако истово признание го доби и во 2016 година. Неговиот соиграч, младиот надежен Александар Грашески е прогласен за најдобар стрелец во оваа генерација.
Најдобар голман имаме и кај генерацијата родени “2008“ година и тоа повторно за Лука Грчевски, кој успеа да го одбрани ова признание, кое го доби и минатата сезона.
Богата е колекцијата и оваа сезона, како со трофеи и медали, така и со поединечни награди од завршниот турнир, на кој Вардар доминираше.