Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) Карпош-Куманово победник на турнирот во нивна организација, на кој настапија школи од академијата на РК Вардар
(ФОТО) Карпош-Куманово победник на турнирот во нивна организација, на кој настапија школи од академијата на РК Вардар

(ФОТО) Карпош-Куманово победник на турнирот во нивна организација, на кој настапија школи од академијата на РК Вардар

Во саботата во градот Куманово се одигра ракометен младински турнир “Куманово сака ракомет-Карпош 2018“ во организација на ракометната школа Карпош од Куманово. Оваа година учество земаа четири екипи кои се дел од академијата на Вардар. Тоа се селекцијата на Вардар (пионери) генерација родени 2004/05 година, потоа Илинден, ГРК Гостивар и домашниот тим на Карпош. Турнирот свечено го отвори градоначалникот на Куманово, господинот, Максим Димитриевски.

На првиот натпревар се сретнаа екипите на РК Илинден и Гостивар, меч кој им припадна на избраниците на Дарко Јанев, кои славеа со резултат 28:13. На полувреме Илинден имаше голема двоцифрена предност од 15:5. На вториот меч се сретнаа екипите на Карпош и Вардар, во еден неизесен дуел славеше домаќинот на турнирот, со резултат 18:16, додека на полувреме исто така имаа предност од два гола разлика (11:9). На тој начин за третото место играа екипите на Вардар и Гостивар, меч кој го добија избраниците на Зоран Петковски со резултат 30:15, на полувреме беше 15:6 за црвено-црните.

vardarfans-karpos-vardar 34180350_1702476446509494_4264182400646381568_n vardarfans-karpos-vardar-mec

Во големото финале се сретнаа добро познатите противници, тоа се екипите кои играа и во големото финале на “Јуниор“ лигата во сезоната која заврши. За разлика од тоа финале, овој пат славеше екипата на Карпош, дуел кој секогаш носи неизвеност и до крајот резултатска неизвесност. Сепак Карпош го победи Илинден, со конечен резултат од 20:17, откако и на полувреме имаа минимално водство од 11:9.

vardarfans-finale

На крајот беа прогласени победниците, а исто така се доделија и поединечни награди за најдобрите поединци. За МВП е прогласен А.Петрушевски од РК Илинден, додека наградите за најдобар играч и голман завршија кај РК Карпош. Д.Димевски е најдобар стрелец, додека најдобар голман е Г.Трајковски.

vardarfans-rk-karpos vardarfans-golman vardarfans-trofei vardarfans-dimevski

Одлично организиран турнир од страна на Карпош-Куманово, уште подобар пречек на екипите, фер и коректност, како на теренот, така и во публиката.