Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар: Со Бабунски официјализирана соработката како тренер на првиот тим, стручниот штаб засилен со: Бојовиќ, Колев и Тодоровски Рап-Тап
ФК Вардар: Со Бабунски официјализирана соработката како тренер на првиот тим, стручниот штаб засилен со: Бојовиќ, Колев и Тодоровски Рап-Тап

ФК Вардар: Со Бабунски официјализирана соработката како тренер на првиот тим, стручниот штаб засилен со: Бојовиќ, Колев и Тодоровски Рап-Тап

Денес од фудбалскиот црвено-црн колектив ја известија јавноста за тоа дека Бобан Бабунски во иднина и официјално ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар.  Вардар  и Бабунски се договорија на соработка во траење од една година, односно до завршувањето на идната сезона 2018/2019. Исто така се обзнанија и решенијата за пополнување на стручниот штаб, онака како се очекуваше и како што ве известивме. Понатаму во информацијата се вели:

Во минатото Бабунски како играч беше дел од Вардар, а до прифаќањето на новата улога, беше дел од Фудбалската Академија на нашиот клуб.

Од младинската школа на „црвено-црните“ во стручниот штаб на првиот тим се приклучуваат тренерите Владимир Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, кои ќе му бидат асистенти на Бабунски. Досегашниот асистент тренер Александар Васоски и тренерот на голманите Саша Илиќ и натаму ќе бидат дел од стручниот штаб на сениорскиот тим на Вардар.

Бабунски веќе беше на клупата на нашиот тим во финишот на штотуку завршената сезона и го водеше тимот на последните девет натпревари од првенството во кое Вардарци завршија на второто место на прволигашката табела, и обезбедија пласман во квалификациите за Лигата на Европа.