Денес е 4 јуни, ден на кој во летото господово 1987 во Скопје на Градскиот стадион се играше дербито во тогашната ЈУ-лига помеѓу екипите на Вардар и Црвена Ѕвезда (3:1). На западната трибина за првпат од постоењето на клубот се забележува првиот транспарент КОМИТИ. Од тој ден па се до денес, Комитите го следат Вардар каде и да оди и против кого и да игра. Имаат гостувано во сите градови во Македонија, скоро во сите градови во поранешната СФРЈ, и во многу градови низ Европа.
Минаа 31 години непокор, одважност , пркост.. Комити се група која била и ќе биде синоним за Македонија, за патриотството за љубовта кон клубот број еден тифо група во земјава. Комити се постари од сите актуелни политички субјекти во земјава, постари се и од независна Република Македонија чии навестувачи и беа. Комити беа и ќе останат Вардарова Институција !
СРЕЌНА ГОДИШНИНА ЈУНАЦИ -НЕКА НИ СЕ МНОЖАТ ГОДИНИТЕ !