На денешен ден пред точно една година, Вардар успеа да испише историја и да ја освои Лигата на Шампионите. Во своето прво учество на завршните турнири во Келн, црвено-црните успеаа да ја освојат Европската титула. Во големото финале успеавме да ја совладаме екипата на ПСЖ (23:24), со златниот гол на Иван Чупиќ во последните секунди. Секогаш ќе ги паметиме овие моменти, кога ракометарите донесоа голема радост за сите вардарови навивачи.