Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се најде во 22-те екипи, кои имаат осигурано учество во ЛШ за следната сезона
Вардар се најде во 22-те екипи, кои имаат осигурано учество во ЛШ за следната сезона

Вардар се најде во 22-те екипи, кои имаат осигурано учество во ЛШ за следната сезона

Денес ЕХФ го објави списокот на екипи кои аплицирале за учество во Лигата на Шампионите, за следната натпреварувачка сезона. Се пријавиле дури 34 екипи, од кои само 28 можат да биде дел од најголемото ракометно натпреварување. Во сигурните 22 тима кои ќе земат учество во ЛШ, се најде очекувано и екипата на Вардар, која ќе има можност и во новата сезона да биде дел од “кремот“ на Европа.

Интересно се уште не е загарантирано местото во ЛШ, на актуелниот Европски шампион, тоа е тимот на Монпелје, како и на екипи како Веспрем, Нант, Висла Плок и Фуксе Берлин.