Селекцијата на Бразил, за која настапува Мораес Фереира е победник на Јужноамериканските Игри, кои изминатиов период се одиграа во боливискиот град Кочабамба. Бразил во големото финале ја совлада селекцијата на Аргентина (25:22). Пикерот на Вардар успеа да постигне два гола.
Бразилците во групната фаза немаа рамноправен противник и лесно ги добиваа мечевите. Беа совладани селекциите на Перу (50:12), потоа домашната репрезентација на Боливија (50:5) и во последното коло, “кариоките“ беа подобри од Чиле, славејќи со резултат 39:30. Во полуфиналето, Бразил го победи убедливо Уругвај, со резултат 41:27.
Фереира на вкупно пет натпревари за Бразил, успеа да постигне 21 гол.