Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Академија на ФК Вардар ќе биде домаќин на турнир на Специјалната Олимпијада Македонија
Академија на ФК Вардар ќе биде домаќин на турнир на Специјалната Олимпијада Македонија

Академија на ФК Вардар ќе биде домаќин на турнир на Специјалната Олимпијада Македонија

ff

Специјалната Олимпијада Македонија во сабота 09.06.2018 година со почеток во 9. часот, на Фудбалската Академија на ФК Вардар ќе одржи фудбалски турнир.

Мотото на турнирот е „Растеме и играме заедно, бидејќи сите сме еднакви!“. Турнирот е дел од 18-та Европска фудбалска недела која се одржува во 50. земји низ Европа со учество од 45.000 атлети, и истата е подржана од европската куќа на фудбалот УЕФА.

ФК Вардар се вклучи во поддршката на одржување на овој турнир.

Агенда:

08:00 – 09:00 – регистрација на Атлети и Клубови

10:00 – 10:15 – Отворање на турнирот

10:30 – 11:30 – Дивизионирање

11:30 – 13:00 – Натпревари

13:00 – 13:30 – Промо натпревари за најмладите

14:00 – 14:30 – Финале

14:30 – 15:00 – Доделување медали и забавен дел