Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Григор Трајковски: Проектот “Јуниор“ лига е добро замислен, преку натпреварите се стекнавме со големо искуство и знаење за ракометната игра
Григор Трајковски: Проектот “Јуниор“ лига е добро замислен, преку натпреварите се стекнавме со големо искуство и знаење за ракометната игра

Григор Трајковски: Проектот “Јуниор“ лига е добро замислен, преку натпреварите се стекнавме со големо искуство и знаење за ракометната игра

Пред нас е четвртата сезона во ракометната “Јуниор“ лига. Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Истите тие утре можат да бидат и предводници на репрезентацијата кои ќе придонесуваат за големи успеси на европските и светски првенства. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Дел од неа е Григор Трајковски од школата, Карпош-Куманово

-Желбата кон ракометот ја добив од мојот татко кој е поранешен ракометар на Куманово. Кога ме одведе на првиот тренинг јас веднаш се одлучив да бидам голман затоа што немаше голман во екипата а мене ми беше голема желба да бранам. Карпош – Вардар е мојата прва школа. Почнав на  осумгодишна возраст и тренирам веќе четири години.

34752139_607908859586762_7240128896031522816_n

Голманот на Карпош веќе две сезони е дел од “Јуниор“ лигата, за која има само позитивни впечатоци истакнувајќи дека тој и неговите соиграчи многу научиле.

-Во “Јуниор“ лигата настапуваме две години. Проектот е многу добро замислен. Јас како и моите другари се стекнавме со многу големо искуство и знаење преку натпреварите од “Јуниор“ лигата.

Карпош и Илинден играа во големото финале на “Јуниор“ лигата, а поуспешна беше екипата од Скопје, која им врати на Карпош, за поразот од финалето, на зимскиот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“, кога триумфираше екипата на Карпош.

-Оваа сезона имаше јаки екипи. Во финале игравме со Илинден и во тој натпревар влеговме со голема желба за победа, која придонесе голем притисок и трема на натпреварот. Потфрли целата екипа. Додека на зимскиот турнир игравме поопуштено без притисок што не доведе до победа и освојување на турнирот.

Григор ни ги опишува највпечатливите моменти во текот на целата сезона во “Јуниор“ лигата, што според него ја одбележа сезоната на неговата екипа за него лично.

vardarfans-ekipa

-Оваа сезона во лигата лично ке ја паметам по финалето. Тежок натпревар со многу притисок и стрес и на крај големо разочарување, со пораз од кој многу научивме за во иднина. Сепак имаше и позитивни и среќни моменти во “Јуниор“ лигата. Патувањата во Скопје, дружењето и запознавањето со играчи од другите ракометни школи, како и натпреварувачкиот карактер да се влезе на теренот и да се победи противникот, се само дел од работите кои те прават исполнет кога ќе заврши колото. 

34700778_607905666253748_2511554578139316224_n

Со оглед дека Григор е генерациски роден “2006“ година настапи на зимскиот турнир, кај генерацијата

-Добив награда за најдобар голман. Не очекував затоа што има голеше конкуренција и наградата ја примив со многу радост. Тоа ми беше прва моја награда која ке ја паметам и за мене претставува мотив за уште поголеми успеси и работа.

Големото искуство на нивните тренери е од непроценливо значење за младите играчи во Карпош-Куманово, од кои многу учат и напредуваат.

vardarfans-so-trenerite

-Голема благодарност за моите тренери Црни и Наташа, тоа се луѓе со големо срце. Големи професионалци што си ја знаат работата со огромно искуство. Секогаш се тука да не научат, да не бодрат кога не ни оди и да се гордеат со нас кога сме најдобри. Посебно ги поздравувам моите другари од Карпош – Вардар без кои не би ги постигнал овие резултати.