Специјалната Олимпијада Македонија во сабота 09.06.2018 година со почеток во 9. часот, на Фудбалската Академија на ФК Вардар ќе одржи фудбалски турнир.
Мотото на турнирот е „Растеме и играме заедно, бидејќи сите сме еднакви!“. Турнирот е дел од 18-та Европска фудбалска недела која се одржува во 50. земји низ Европа со учество од 45.000 атлети, и истата е подржана од европската куќа на фудбалот УЕФА.
ФК Вардар се вклучи во поддршката на одржување на овој турнир.
Агенда:
08:00 – 09:00 – регистрација на Атлети и Клубови
10:00 – 10:15 – Отворање на турнирот
10:30 – 11:30 – Дивизионирање
11:30 – 13:00 – Натпревари
13:00 – 13:30 – Промо натпревари за најмладите
14:00 – 14:30 – Финале
14:30 – 15:00 – Доделување медали и забавен дел