Денес започнува меѓународниот младински фудбалски турнир “Фер плеј куп“ во Охрид. На овој турнир учество ќе земат околу 114 екипи од осум различни земји и повеќе од 2.ооо млади фудбалери. Во периодот од 18-20-ти август ќе се играат натпревари само во генерацијата 2001. Фудбалскиот клуб Вардар ќе се натпреварува во две млади категории “2004“ и “2007“.
Фк Вардар генерација “2004“ се наоѓа во групата А заедно со екипите на: Албион(Скопје), Пандев 10 (Охрид) и Фк Прилеп.
Фк Вардар генерација родени “2007“ се наоѓа исто така во група А со екипите на: Фер плеј(Охрид), ОФС Гази Баба(Скопје) и Топ гол(Битола).
Натпреварите за овие генерации започнуваат од 21-ви август и траат се до 23-ти. Организаторот најавува квалитетни мечеви и пред се одлично дружење за овие млади надежи на Македонскиот фудбал.