Четврта последователна година на теренот на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар, тренерот на голманите во младинските категории Слободан Мутибариќ направи натпревар помеѓу сите голмани кои тренираат моментално во Вардаровите категории ( петлиња). Се натпреваруваа секој со секого поделeни во три групи, составени од различни возрасни генерации.
Кој ќе постигнеше повеќе погодоци тој го добиваше дуелот, а секој шутираше од својата половина со рака и нога. Сите голмани ги истакнаа своите квалитети и голем потенцијал кој го поседуваат. Ова веќе прераснува во традиција, која се надеваме дека ќе продолжи и во наредните години.
Во оваа “војна на голмани“ се натпреваруваа дури 16 млади голмани од различни возрасни генерации: Наум Ангелов, Горазд Гигов, Стефан Тасев, Томи Силјановски ( 2004), Леонид Илиевски, Илија Апостоловски, Никола Филевски (2005), Андреј Данстак, Максим Кралевски, Дамјан Таневски (2006), Лука Јаневски, Јовица Спасовски, Даниел Исајловски (2007), Лука Грчевски, Александар Милошевски (2008) и најмладиот голман кој зема учество, тоа беше Бојан Лазаревски од генерацијата родени 2009 година.
Победници во трите поделени категории по возраст беа: Наум Ангелов , Илија Апостоловски и Лука Јаневски.На крајот беа доделени трофеите кои ги доделуваше голманската легенда на фудбалскиот клуб Вардар, најдобриот чувар на мрежата во 70 годишната историја на црвено-црните Драган Мутибариќ. Истиот покрај наградите на младите момци им подели и неколку совети кои ќе ги водат низ нивните кариери.
Голема чест беше за дечињата што токму оваа голманска величина им ги додели наградите како сатисфакција за понатамошната работа. Вардар фанс како верни подржувачи на младинските категории од овој настан, ви донесуваат и фотографии.