Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ и Циндриќ речиси на СП, во првиот меч Хрватска ја “згази“ Ц.Гора
Карачиќ и Циндриќ речиси на СП,  во првиот меч Хрватска ја “згази“ Ц.Гора

Карачиќ и Циндриќ речиси на СП, во првиот меч Хрватска ја “згази“ Ц.Гора

Репрезентацијата на Хрватска е скоро со обезбеден   пласман на ракометното Светско Првенство кое ќе се одржи на почетокот на следната година во Германија и Данска. Тие   вечерва во Осијек славееа убедливо над Црна Гора со 13 гола позитива, “каубоите“ победија  со резултат 32:19 на овој прв дуел од бараж двомечот.

Гостите  го држеа дуелот во неизвесност до 21. минута, сепак тоа што играа без голем број на стандардни првотимци си го зема данокот. Следеше  серија 7:1 на  домаќините со  стигнаа до 17:10 на полувреме. Очекувано  во второто полувреме Хрватска само ја зголеми предноста и победи високо. Сега останува на реваншот тие  и теоретски да го потврдат пласманот на СП.

Најефикасни кај победниците  сосема очекувано  биле крилата Хорват и Штрлек со по 6 голови тие ги казнуваа изгубените топки во нападот на противникот. Веднаш зад нив со гол помалку беше  Лука  Циндриќ, тој  постигнал 5 погодоци, а Игор Карачиќ имаше четири погодока.