Фудбалската Академија на Вардар, вчера беше домаќин на фудбалскиот турнир на Специјалната Олимпијада Македонија, кој се одржува по повод 18-тата Европската фудбалска недела.
Турнирот се одржуваше во 50. земји низ Европа, со учество од 45.000 атлети, а поддршката од Македонија беше од фудбалскиот клуб Вардар. Европската фудбалска недела е поддржана од европската куќа на фудбалот УЕФА. Вардар е горд што беше домаќин на еден ваков турнир кој се одржа под мотото „Играме и растеме заедно, бидејќи сите сме еднакви“.
Фотогалеријата од турнирот, можете да ја видите на следниот ЛИНК.