Тројца атлетичари на Вардар учестуваа на“Втор Врањски маратон“ кој се одржа во Србија, во градот Врање. На истиот на најдолгата дистанца, односно 42км, маратонот учество зема искусниот Мартиновски, апак Јакимовски и Петков трчаа полумаратонска трка (21 километар). Искусниот Трпе Мартиновски и на овие години се бори со километрите, тој иако е навлезен длабоко во шестата деценија истрча маратон. На истата трка тој заврши како втор во асполутна конкуренција, а во категоријата “постари од 50 години“ заврши како најдобар. Тој имаше време 3-18-08 на маратонската делница.