Машката екипа на РК Делчево Вардар од генерацијата 2003 и помали изминатиот викенд учествуваше на хуманитарниот ракометен турнир „Балтепе 2018“ во Тетово каде го освои првото место. На турнирот учествуваа две екипи од градот домаќин Тетово, две екипи од Скопје како и претставниците од Делчево.
Истиот беше организиран од домаќинот, РК Балтепе Вардар кој како и Делчево Вардар и РК Ангели Вардар кои учестуваа се регионални школи во склоп на Академијата на РК Вардар. Екипата од Делчево турнирот го заврши без пораз, но за тренерот Горан Велков победата не била најважна, туку заедничката дружба и пред се она за што играле ракометарите, а тоа е собирањето средства за потребната операција на еден ракометар од домашната екипа. Делчевци во финалето беа подобри од домаќинот Балтепе Вардар. Нов помасовен хуманитарен турнир е закажан за месец септември.