ФК Вардар тргна со летните подготовки. На стартот се појавија тројцата планирани нови играчи, тоа се Мицевски, Најдовски и Јуфо. По комплетираниот прв тренинг Бобан Бабунски, новиот вардаров кормилар, говореше за новите играчи и планот за летните подготовки на нашиот тим.
„Би сакал да се заблагодарам на дадената доберба од сопственикот Сергеј Самсоненко и од управата и се надевам сите заедно ќе ја оправдаме истата. Ова е почеток на еден нов проект. Заврши една убава приказна за Вардар, пред се резултатски со освоени трофеи и историски настап во Европа и би сакал да им честитам на сите кои беа дел од тој тим, иако неколкумина од нив не продолжија со овој тим“, посочи кормиларот на црвено-црните.
- Продолжи со читање ТУКА.