Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година со победа стартуваа на турнирот во Несебар ( Бугарија). Утрово избраниците на Ане Андовски имаа победнички старт, откако во првото коло успеаа да ја надиграат и високо поразат екипата на Локомотива од Софија. Црвено-црните триумфираа убедливо, со резултат од 5:0.
Не оставивме ништо на случајноста, па уште во првото полувреме имавме висока предност од 4:0. Во вториот дел со уште еден гол, само ја запечативме големата победа. На овој дуел по два гола постигнаа Матеј Гаштаров и Филип Јовановски, додека еден беше дело на Тино Спасиќ. Се играат две полувремиња, по 25 минути.
Попладнево го играме и вториот натпревар, а противник е тимот на Нефтохимик Бургас.