Генерацијата на ФК Вардар родени “2006“ година со триумф го стартуваа на турнирот во Несебар , Бугарија. Утрово избраниците на Саше Јанев се сретнаа со тимот ФК Черноморец. Нашиот тим дојде до победа со еден гол разлика во меч во кој беше подбар противник, ние триумфиравме со резултат 4:3 (2:2).
Најпривин нашиот противник по неколку минути отвори со 0:1, тие поведоа со прецизно изведен пенал. Нашите момци се вратија во игра и атакуваа на израмнување, за резултатска симетрија, 1:1 погоди Стефан Коловски. Добрата игра на црвено-црните донесе целосен пресврт, успеавме да поведеме со 2:1, стрелец на овој погодок беше Дарко Сековски. На 2:1 ни поништија чист гол од непостоечки офсајд со кој можевме да отидеме на одмор со комотна разлика, тоа го искористи ривалот и изедначи на 2-2.
Во вториот дел тргнавме офанзивно со цел со брзи голови да го решиме дуелот. Успеавме вторпат на овој натпревар да поведеме, овојпат со 3:2. Погодокот на младите надежи на ФК Вардар го постигна Алтин Алији. Нашата игра во офанзива каде игравме одлично беше наградена со нов погодок, Стефан Коловски погоди за 4-2. До крајот противникот немаше сила за да се врати во игра, единствено намали на 4-3, резултат со кој ние дојдовме до првите бодови.