Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победнички старт на турнирот во Несебар, ФК Вардар генер. “2005“ му одржа лекција на Локомотив Софија, со “петарда“ во нивната мрежа
Победнички старт на турнирот во Несебар, ФК Вардар генер. “2005“ му одржа лекција на Локомотив Софија, со “петарда“ во нивната мрежа

Победнички старт на турнирот во Несебар, ФК Вардар генер. “2005“ му одржа лекција на Локомотив Софија, со “петарда“ во нивната мрежа

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година со победа стартуваа на турнирот во Несебар ( Бугарија). Утрово избраниците на Ане Андовски имаа победнички старт, откако во првото коло успеаа да ја надиграат и високо поразат екипата на Локомотива од Софија. Црвено-црните триумфираа убедливо, со резултат од 5:0.

Не оставивме ништо на случајноста, па уште во првото полувреме имавме висока предност од 4:0. Во вториот дел со уште еден гол, само ја запечативме големата победа. На овој дуел по два гола постигнаа Матеј Гаштаров и Филип Јовановски, додека еден беше дело на Тино Спасиќ. Се играат две полувремиња, по 25 минути.

Попладнево го играме и вториот натпревар, а противник е тимот на Нефтохимик Бургас.