Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампионите од генер. “2008“ продолжуват со добрите игри, убедливо совладана Локомотив Софија, на турнирот во Бугарија
Шампионите од генер. “2008“ продолжуват со добрите игри, убедливо совладана Локомотив Софија, на турнирот во Бугарија

Шампионите од генер. “2008“ продолжуват со добрите игри, убедливо совладана Локомотив Софија, на турнирот во Бугарија

Успешен старт на турнирот во Несебар, имаше и најмладата генерација на ФК Вардар, која е дел од турнирот “Купот на Црното Море Несебар 2018“. Тоа се избраниците на Павел Неделковски, или генерацијата родени “2008“ година.

Тие немаа поголеми проблеми во дуелот со екипата на Локомотив Софија и убедливо ја совладаа со резултат 11:1. Уште по првото полувреме го најавивме високиот триумф, кога нашите млади надежи имаа високо водство од 6:0, додека голеадата продолжи и во вториот дел. Четири голови на овој дуел беа дело на Арти Азизи, Стефан Бранковски постигна три, додека два беа дело на Коста Бошковски. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Иван Ташовски и Ненад Дамјаноски. 

Во текот на утрешниот ден, за противник ја имаме екипата на Черноморец Бургас.