Вардаровата генерација родени “2008“ година продолжуваат да редат победи на турнирот во Бугарија. Избраниците на Павел Неделковски славеа и на третиот меч, совладувајќи ја екипата на Ферион од Софија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:1
Противникот беше тој кој прв го отвори резултатот на овој дуел и да поведе со 0:1. Сепак до крајот на првото полувреме, црвено-црните успеваат да постигнат два гола и да направат комплетен резултатски пресврт. За тоа се погрижи капитенот на Вардар, Ненад Дамјаноски кој ги постигна и двата гола, за предност од 2:1. Истиов играч успеа да го постигне и третиот гол за Вардар и со хет-трик, да му донесе нов триумф на својот тим.
Во претходните две кола, оваа генерација на Вардар ги совлада екипите на Локомотив Софија (11:1) и Черноморец Бургас (5:1).