Утрово во Несебар (Бугарија) продолжија натпреварите на силниот меѓународен турнир “Куп на Црното Море Несебар 2018“. Своето трето коло во групата го одиграа избраниците на Сашо Јанев, тоа е генерацијата родени “2006“ година, кои запишаа нова пообеда.
Противник ни беше екипата на Ферион од Софија, која ја совладавме убедливо со резултат 4:0. Голеадата на овој дуел ја отвори Михаил Танчев, кој го отвори резултатот на 1:0. До крајот на првиот дел уште еднаш ја затресовме мрежата на противникот, преку Марко Митев кој го зголеми резултатот на 2:0. На овој дуел, тренерот Јанев им даде поголема шанса за настап на играчите, кои не добија голема минутажа на првите два натпревари. Во вториот дел потврдивме дека сме поквалитетната екипа и постигнавме уште два нови гола. Најпрво на 3:0 водството го зголеми Марко Николовски, за конечните 4:0 со својот прв гол денес да ги постави Никита Патаровски.
Утре во 16:30 играме против екипата на Академика Божурице, додека задутре во 10:00 против Локомотив Софија 2.