Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нов триумф за вардаровата генер. “2008“ на турнирот во Бугарија
Нов триумф за вардаровата генер. “2008“ на турнирот во Бугарија

Нов триумф за вардаровата генер. “2008“ на турнирот во Бугарија

Вардаровата генерација родени “2008“ година продолжуваат да редат победи на турнирот во Бугарија. Избраниците на Павел Неделковски славеа и на третиот меч, совладувајќи ја екипата на Ферион од Софија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:1

Противникот беше тој кој прв го отвори резултатот на овој дуел и да поведе со 0:1. Сепак до крајот на првото полувреме, црвено-црните успеваат да постигнат два гола и да направат комплетен резултатски пресврт. За тоа се погрижи капитенот на Вардар, Ненад Дамјаноски кој ги постигна и двата гола, за предност од 2:1. Истиов играч успеа да го постигне и третиот гол за Вардар и со хет-трик, да му донесе нов триумф на својот тим.

Во претходните две кола, оваа генерација на Вардар ги совлада екипите на Локомотив Софија (11:1) и Черноморец Бургас (5:1).