По вчерашното пристигнување на Вардаровите фудбалери во Словенија, од денеска се вклучија во „погон“ и почнаа со тренинзи на теренот во Зрече.
Новата „десетка“ во редовите на Вардар по Којашевиќ и Николов сега оди кај новиот Бразилец, Виктор Нилдо Јуфо. Јуфо во иднина ќе биде новата „десетка“ кај “црвено – црните”. Се надеваме дека во иднина Јуфо ќе ја оправда улогата и дека ќе биде еден од главните играчи во нашиот тим.
Првиот настап во новиот дрес Јуфо ќе го има в недела на дуел против Шампион од Целје.