Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2010 тргна со победа, генер.2009 беше поразен на турнирот “Драган Манце Куп 2018“
ФК Вардар генер.2010 тргна со победа, генер.2009 беше поразен на турнирот “Драган Манце Куп 2018“

ФК Вардар генер.2010 тргна со победа, генер.2009 беше поразен на турнирот “Драган Манце Куп 2018“

Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар,  од денес до 17-ти јуни ќе бидат дел од силен меѓународен турнир, “Драган Манце Куп 2018“ во Белград. Натпреварите ќе се играат на стадионот “СЦ Телеоптик-Партизан, веќе утрово одигравме мечеви од првото коло.

ФК Вардар генерaцијa  родени 2010 година се сретна во првиот дуел со екипата на   Црвенкa. Момците на Зоран Петковски дојдоа до победа со високи  5:0 во дуел во кој доминираа во сите аспекти на фудбалската игра.

За нас на овој дуел стрелаа четити различни  стрелци. Два погодока беа дело на  Мaтеј Чедевски , а пак по еден погодок во голот на Црвенкa дадоа: Петaр Вaсoски, Мaкедoн Симев и Дрaгaн Гечев .

ФК Вардар генерација.2009 предводена од Златко Таневски се сретна со тимот на ФК Омладинац. На овој напревар иако одигравме солидно забележавме пораз со минимални 2-1.  За нас единствениот погодок во мрежата на нашиот ривал го постигна Јаков Стојковски.