Фудбалскиот клуб Вардар со генерацијата родени 2005 година и помали настапуваше изминатите неколку дена на “ Купот на Црното Море- Несебар 2018“ во Бугарија. Тие денес дојдоа до златото и пехарот во својата конкуренција на овој голем меѓународен турнир.
Момците на Ане Андовски одиграа пет меча во групата каде беа сите преставници од оваа генерација, се играше по принцип секој со секого по што се дозна шампионот тоа е црвено-црниот колектив. Ние имавме 100% ефект во оваа генерација, победивме пет пати на пет меча, а што е уште поважно и ја покажува нашата целосна доминација ние не примивме НИЕДЕН гол на сите мечеви.
Честитките идат за тренерот Андовски, одличните момци во одбраната, голманите и се разбира нападот-сите подеднакво се вградија во овој успех. Денес на последниот меч, петтиот дуел се сретнавме со украинскиот тим на ФК Нива Виница. Во меч во кој доминираме дојдовме до победа со три гола предност, односно со резултат 3-0. Стрелци за нас беа Матеј Гаштаров кој даде два погодока, а стрелаше умешо еднаш за црвено-црните и Никола Величковски. Победата ќе беше и повисока да успешно пеналот го реализираше Гаштаров во финишот на мечот. Уште еднаш честитки за големиот успех на црвено-црниот тим.