На турнирот во Несебар момците на Сашо Јанев, дојдоа до нова победа. ФК Вардар генерација 2006 се сретна со екипата на ФК Академика, која се покажа како слаб противник и ја совладавме со 7:0 во меч во коој игравме на високо ниво во текот на двете полувремиња.
Тргнавме со гол за 1:0, стрелец Алтин Алији по асистенција на Олег Трифуновски. Кристијан Галевски со шут од далечина и несмасна одбрана на нивниот голман успеа да го удвои водството. Напаѓавме постојано во овој дел, Алтин Алији по асистенција на Стефан Коловски зголеми на 3-0. Истиот играч по одбиена топка од шут на Марко Николовски повторно погоди за 4-0. Пред крајот на првиот дел поведовме и со високи 5:0, таличен за противникот беше Марко Николовски, тој стрелаше по асистенција на Алтин Алији.
Во вториот дел влеговме растеретени сите деца влегоа во игра. Најпрвин за 6:0 погоди н Аце Миовски, кој со лоб шут од 16 метри поенираше. Стефан Коловски по соло пробив ги постави конечните 7-0. Утре не очекува последниот дуел во 09:30 часот против Локомотив 2 Софија. Ние сме на прво место во оваа генерација на ден пред крај на турнирот утре треба само да го потврдиме истото.