Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Класата е вечна, Димитровски Димитар во Хрватска прв на меѓународен турнир со 641 “соборено дрво“
Куглање! Класата е вечна, Димитровски Димитар во Хрватска прв на меѓународен турнир со 641 “соборено дрво“

Куглање! Класата е вечна, Димитровски Димитар во Хрватска прв на меѓународен турнир со 641 “соборено дрво“

Димитар Димитровски еден од најдобрите двајца македонски куглари заедно со вториот Бојан Влаќевски земаа учество на меѓународен турнир во Хрватска. Претседателот на Кугларскот клуб Вардар на 11.Меѓународен ноќен турнир “Звонимир Павловиќ-2018“ се закити со злато.

Димитар кој одигра феноменално во финалниот дел успеа да собори 641 “дрво“ и  да биде за девет “дрва“ пред вториот одличниот Џ.Баиќ-Динко кој мораше да се задоволи со сребро. Тој имаше 402 соборени на “полни“ со што имаше најдобар скор, на “чистење“ имаше 239 што беше второ најдобро постигнување односно вкупно имаше одлични “златни“ 641. Честитки за него, човекот кој е блескава точка во македонското куглање и против кој фамозната “девет чуња„ се закануваше со дисциплинска  постапка за светското првенство која по се изгледа нема храброст да ја “пресуди“. Влаќевски на овој турнир беше 8.место со 605, а другиот македонски репрезентативец Борис Бенедик беше седми со 610.