Вардаровата генерација родени “2003“ и втора последователна сезона успеаа да станат шампиони во регионалната-скопска лига. Оваа сезона имаа нов тренер, во името на Горан Петрески кој го повтори успехот на неговиот сонародник, Томче Трајановски. Еден од најстандардните играчи во оваа генерација беше стоперот, Филип Ѓорѓоски кој во интервју за нашиот сајт ги сподели впечатоците од изминатата сезона со генерацијата “2003“ на ФК Вардар.
-Очекувавме да ја одбраниме шампионската титула во региоаналната-скопска лига оваа година и на крајот успеавме во поставената цел. На самиот почеток на сезоната верував дека ке го одбраниме трофејот познавајќи го мојот тим и нашата спремност. Промената на нашиот тренер за мене претставуваше уште поголем предизвик да ја докажам мојата подготвеност и желба за игра во овој клуб. Почетокот беше малку тежок, се додека не ги научивме барањата и тактиката на нашиот нов тренер.
За жал не успеавме да го одбраниме и трофејот во купот, со оглед дека во полуфиналето бевме елиминирани од екипата на А.Пандев. Иако имавме поволен резултат од 0:0 по првиот меч одигран во Струмица, сепак на реваншот на Академијата, противникот беше подобар и однесе победа. Голем хендикеп беше неиграњето токму на стоперот Ѓорѓоски, кое на крајот се покажа можеби како една од причините за елиминацијата.
-И покрај моето отсуство поради повредата која се случи настапувајќи со репрезентацијата на Македонија на големиот меѓународен турнир во Италија, знам дека моите соиграчи го дадоа својот максимум, но на крај среќата му се насмевна на противникот. Причината е едноставна бидејќи во спортот секогаш некој мора да победи, а некој да изгуби. Само голема тежина во мене и мојот тим остана што не го одбранивме купот на Република Македонија.
Оваа генерација на Вардар успеа да освои силен меѓународен турнир во Бугарија, “Пирин Куп“.Иако конкуренцијата беше голема, на крајот црвено-црните се радуваа на првото место.
-Турнирот во Бугарија ми остави голем впечаток бидејќи игравме со добро познати екипи од нашите соседни држави. Голем предизвик и желба од самиот почеток ни беше да го освоиме овој меѓународен турнир. Игравме со срце за Вардар, за Македонија и покрај сите притисоци од судиите и извикувањето на публиката. Нашиот сон се оствари, го освоивме првото место под водство на нашиот тренер Горан Петрески. Исто морам да ја спомнам големата поддршка од нашата верна публика која до последната секунда не бодреше и ни даваше подршка. Од мојот придонес и мојата екипа сум задоволен.
Звонко Ивановски