Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бабунски: Ќе треба да се спојат двете работи, и тоа е нашата идеја, да се приближиме до играта која ќе биде привлечна за навивачите, на кои ќе сакаме нешто да им понудиме и ќе можат да го препознаат и поради тоа ќе сакаат да бидат на трибините
Бабунски: Ќе треба да се спојат двете работи, и тоа е нашата идеја, да се приближиме до играта која ќе биде привлечна за навивачите, на кои ќе сакаме нешто да им понудиме и ќе можат да го препознаат и поради тоа ќе сакаат да бидат на трибините

Бабунски: Ќе треба да се спојат двете работи, и тоа е нашата идеја, да се приближиме до играта која ќе биде привлечна за навивачите, на кои ќе сакаме нешто да им понудиме и ќе можат да го препознаат и поради тоа ќе сакаат да бидат на трибините

Шефот на стручниот штаб на Вардар Бобан Бабунски, за официјалниот сајт објави каква е програмата на неговиот тим, и како ќе се подготвува истиот за престојните пријателски натпревари кој започнуваат токму денеска.

„Идејата е да се создаде најдобрата игра со моменталниот играчки кадар кој го имаме, и да се придвижиме кон она што е претпознатливо на идентитетот на Вардар. Познато е дека Вардар е клуб со традиција, и јасно е како треба да изгледа таа игра – офанзивна, со креирање на многу акции на противничката половина, и која на крајот секако ќе биде резултатски реализирана. Ќе треба да се спојат двете работи, и тоа е нашата идеја, да се приближиме до играта која ќе биде привлечна за навивачите, на кои ќе сакаме нешто да им понудиме и ќе можат да го препознаат и поради тоа ќе сакаат да бидат на трибините. Се надевам дека низ овие пријателски натпревари ќе можеме сите овие работи да ги направиме. На изминатите неколку тренинзи во Скопје и во Словенија играчите ја сфаќаат идејата, и сакаме да го создадеме тој стил на игра и понатаму низ тренинзите и низ натпреварите. Секој тренинг и секој пријателски натпревар е важен за создавањето на таквата игра која ја посакуваме“, рече Бабунски.

Офанзивниот дел е важен за давање голови, но исто така Бабунски потенцира дека подеднакво е важно и одбраната да биде на нивото, односно да не им дозволи на противниците да креираат шанси и да се закануваат по голот на Вардар.

„Нашата игра почнува од одбраната, и треба да се направи еден баланс. Мораме и да мислиме кога противникот има топка и напаѓа по нашиот гол. Во секој момент треба да внимаваме и во дефанзивата која е исто така важна за да ја креираме нашата офанзивната игра“, вели шефот на нашиот стручен штаб.

Дали овие седум контролни натпревари ќе бидат доволни да се реализира идејата на стручниот штаб?

„Дали ќе бидат доволни е релативна работа, може да бидат и многу, можат и малку. Овие натпревари ќе бидат добра можност да се воиграме добро и да ги вклопиме новите играчи. Сите ќе ја добијат шансата да се докажат, и нашата идеја е да ги позиционираме играчите. Секој фудбалер ќе ја знае својата улога и своите задачи во сите фази на играта, сега само треба да се вклопат во системот на игра кој што ќе го преферираме“, изјави Бабунски.