Во периодот од 18-21 јуни, генерацијата на ФК Вардар родени “2001“ година ќе бидат дел од меѓународен турнир во Сараево, “Играј фудбал, живеј живот“, кој ќе се одржи на стадионот Оток и спортскиот центар “Сафет Зајко“. Ќе се натпреваруваат вкупно осум екипи, поделени во четири групи.
Вардар е дел од групата Б, заедно со екипите на Железничар, Марибор и Војводина, додека во групата А ќе се натпреваруваат домаќинот Сараево, кој е актуелен освојувач на турнирот, потоа и екипите на Университатеа Краиова, Будуќност и Осијек.
Вардар ќе го отвори турнирот во понеделник, со натпревар против екипата на Војводина, меч кој е закажан да започне од 15:00 часот. На овој турнир, пионерите на Вардар ќе бидат предводени од Томче Трајановски, додека негов помошник ќе биде Филип Спасевски.
Ова се играчите кои ќе патуваат на турнирот во Сараево: Матеј Андов, Берат Зендели, Александар Ѓурковски, Филип Манасиевски, Дамјан Бојковски, Божидар Митревски, Марио Илиевски, Кристијан Стојановски, Ветон Туша, Мартин Спировски, Леонид Игнатов, Бојан Димоски, Малик Хасановиќ, Давид Ристовски, Али Асани, Анатолиј Петејчук, Филип Андоновски, Џемаил Ибиши, Харбин Речица.