ФК Вардар родени 2007 година на турнирот “Драган Манце Куп 2018“ во Белград е предводена од Филип Деспотовски, тој денес со нив имаше да одигра три меча. Екипата е пред се составена од играчи на ФК Вардар(2) дополнета со неколку рекреативци од оваа генерација кои атакуваат на место во оваа селекција. Нашите момци денес имаа за одигрување дури три меча. Во нив победија еднаш, одиграа реми и во последниот кога веќе заморот не стигна бевме поразени.
Прв дуел игравме со тимот на ФК Фрикик кој вчера начелно го добивме службено, но по одлука на организаторот го одигравме утрово. На овој дуел одигравме добро, на крајот дуелот заврши со реми. Натпреварот се оконча со резултатска симетрија 1-1, за нас единствениот гол го даде Битиќи Јулиан. Потоа одигравме уште еден натпревар со тимот на ФК Радник Уриље. Овој натпревар го одигравме одлично и дојдовме до победа со минимални 1-0. Стрелец на единствениот гол кој ни донесе победа и шанса во последниот дуел да одлучуваме дали ќе одиме во 1/8-финалето беше Милош Спасовски. Тој погоди од пенал за црвено-црните. последен и клучен дуел беше тој со тимот на ФК Триглав, сепак заморот беше најголем противник бидејќи игравме три меча по ред за кратко време. Противникот тоа го искористи и со 4-0 не совлада, тоа ни ја скрати шансата за пласман понатака на овој турнир.