Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за ФК Вардар генер.2010 во Белград, со нив бевме први во групата и триумфиравме во 1/8фин.

Две победи за ФК Вардар генер.2010 во Белград, со нив бевме први во групата и триумфиравме во 1/8фин.

vardarfans-gener-2010

Втор ден младите категории на ФК Вардар се дел од  силен меѓународен турнир, “Драган Манце Куп 2018“ во Белград. Денес момците на Зоран Петковски, ФК Вардар генер.2010  со две победи обезбедија 1/4-финале утре, честитки до сите дечки и тренерот.

По двете победи вчера, денес на програмата ни беше мечот од 3.коло во групата. ФК Вaрдaр генерaцијa 2010 во истото се сретна со тимот на ФК  Oмлaдинaц. Нашите момци одиграа перфектен дуел кој го добија со три гола предност. Со тоа со максимални 9.бода како ПРВОПЛАСИРАНИ обезбедија 1/8-финале на турнирот. Во овој дуел во кој победивме со резултат  4:1,  стрелци имавме три,  Дaриo Илиќ  погоди два пати,   Дрaгaн Гечев и Петaр Вaсoски имаа пo 1 гoл.
Со оваа победа во 1/8-финалето отидовме на тимот на ФК Арена од Суботица. Во истиот дуел нашите момци “загризаа“ од првата минута со цел да обезбедат 1/4-финале за утре. Ние дојдовме до победа и се пласиравме во најдобрите осум тима. Победата во овој дуел беше изразена со два гола, триумфиравме со 2-0. Стрелци на головите беа Марко Јовановски и Далибор Марковиќ.

Утре во 10-00 часот не очекува следниот дуел од четвртфиналето.