Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар утре на „тест” со Шампион Целје
Вардар утре на „тест” со Шампион Целје

Вардар утре на „тест” со Шампион Целје

Тимот на Вардар утре ќе започне со низата на пријателски дуели. Прв „тест” за Вардарци ќе биде второлигашот од Словенија, тимот на Шампион Целје.

Шампион Целје не би требало да претставува поголем резултатски проблем за нашиот тим бидејќи оваа екипа изминатава сезона се натпреваруваше во третата по ранг лига во Словенија. Од таму, овој тим пласирајќи се на втората позиција на табелата се избори за еден ранг погоре, односно пласман во втората лига.

Дуелот против Шампион Целје ќе биде шанса за деби настапи и голови во Вардаровиот дрес за неколку нови играчи како, Јуфо, Мицевски, Најдовски..

Утрешниот дуел против овој тим започнува од 17:30 часот на теренот во Зрече.