Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар убедливо го победи второлигашот од Словенија, одлично деби на новите играчи
Вардар убедливо го победи второлигашот од Словенија, одлично деби на новите играчи

Вардар убедливо го победи второлигашот од Словенија, одлично деби на новите играчи

Вардар славеше победа на првиот контролен натпревар во Словенија. Попладнево “црвено – црните” лесно и убедливо со резултат 4:1 (3:1) го совладаа тимот на Шампион од Целје. Подобро деби неможеа да посакаат новите играчи на Вардар, Мицевски постигна два гола, а пак Јуфо и Најдовски по еден гол.

Во деветата минута Јуфо го отвори резултатот на 1:0. Од левата страна Барсегјан го проигра Максимов чиј удар беше блокиран, а топката стигна до Јуфо кој што стрелаше во мрежата. Веќе во 22. минута беше 2:0. Барсегјан убаво центрираше од левата страна до Мицевски, кој со глава ја смести топката во горниот десен агол на Вундерл. Третиот гол беше повторно дело на Дарко Мицевски. Во 34. минута после катастрофална грешка на одбраната на Шампион, топката стигна до Максимов кој асистираше до Мицевски, а овој само ја спроведе во празниот гол. До крајот на првиот дел домаќинот ублажи на 3:1 со голот на Родиќ.

fkv-micevskiНа стартот од вториот дел, шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски се одлучи да ги смени сите 11 на теренот, и да уфрли целосно нов состав. Така во второто полувреме шанса добија Илиќ, Тодороски, Тошевски, Серафимов, Реџепи, Најдовски, Адем, Исени, Попзлатанов, Бериша и Талески. Ништо не се случуваше во 82. минута кога беше досуден удар од белата точка за Вардар по стартот над Исени во казнетиот простор. Сигурен реализатор на пеналот беше Филип Најдовски, уште еден дебитант во дресот на Вардар на денешниот натпревар. Со резултат 4:1 заврши овој дуел.

ВАРДАР: Алексовски (46’ Илиќ), Брдаровски (46’ Тодороски), Новак (46’ Тошевски), Попов (46’ Серафимов), Антовски (46’ Реџепи), Битанг (46’ Најдовски), Мицевски (46’ Исени), Јуфо (46’ Адем), Цветановски (46’ Попзлатанов), Барсегјан (46’ Бериша), Максимов (46’ Талески).