Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ромеро: Ќе се обидам да го дадам максимумот, и да го оставам срцето на теренот, што е за мене најважно
Ромеро: Ќе се обидам да го дадам максимумот, и да го оставам срцето на теренот, што е за мене најважно

Ромеро: Ќе се обидам да го дадам максимумот, и да го оставам срцето на теренот, што е за мене најважно

Цезар Ромеро ги истакна очекувањата во новата средина, како е примен од играчите, што очекува во новата сезона, дали знаел пред тоа за Вардар и Македонија и т.н

Ви го издвојуваме следново:
    Дојдов овде со истиот менталитет кој го имав таму, и кој би го имал во било која лига, во која би играл и би дал се од себе. Мојата задача е да давам голови, и тоа ќе го правам секогаш, да давам се повеќе голови.
– Пред се сакам да ги постигнеме посакуваните резултати и ако е можно да ја освојам титулата за најдобар стрелец и тука, но тоа не е пресудно. Најважно е екипата да постигнува добри резултати.
– Пред да дојдам тука знаев за Вардар и Македонија, преку мојот пријател Влатко Дробаров, тој игра во Ерменија а се запознавме во Мексико пред неколку години, тој ми зборуваше за Вардар и знам дека е добра екипа. Не знаев многу, но знаев дека е добра екипа.
– Пред се сакам да им се заблагодарам на сите за приемот тука, од кога дојдов тука се многу внимателни, од мене може да се очекува максимално залагање, како на тренинзите така и на натпреварите. Ќе се обидам да го дадам максимумот, и да го оставам срцето на теренот, што е за мене најважно.

Ова интервју Ромеро го даде за Вардар ТВ