Екипите на Вардар и Будуќност ќе играат во големото финале на силниот меѓународен турнир во Сараево, кај генерацијата родени “2001“ година. Ова е епилогот од денешното одиграно трето коло во двете групи. Вардар и Будуќност како првопласирани екипи во своите групи, утре со почеток од 12:30 часот ќе се борат за трофејот.
Тоа значи дека оваа година ќе видиме нов освојувач на овој турнир, со оглед дека претходните две години, токму домашната екипа на Сараево го освојуваше истиот . Иако се очекуваше босанско финале, помеѓу Сараево и Железничар, тоа нема да се случи, па ќе видиме нов освојувач на турнирот “Играј фудбал, живеј живот“.
Вака изгледа табелата во двете групи, после одигрување на трите кола:
Група А:
1. Будуќност 7
2. Сараево 7
3. Осијек 3
4. Краиова 0
Група Б:
1. Вардар 7
2. Војводина 4
3. Железничар 4
4. Марибор 1
Трето место: Сараево – Војводина
ФИНАЛЕ: Вардар – Будуќност