Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одличен натпревар на Вардар, Домжале совладан со резултат 2:1
Одличен натпревар на Вардар, Домжале совладан со резултат 2:1

Одличен натпревар на Вардар, Домжале совладан со резултат 2:1

ФК Вардар славеше и на втората “контролка” во Словенија. Попладнево “црвено – црните” одиграа одличен натпревар и сосема заслужено со резултат 1:2 (1:1) се радуваа на победа против Домжале. Головите за нашиот тим ги постигнаа Исени во првото полувреме на одлична асистенција на Мицевски и Марковиќ во вториот дел, за домаќинот погоди Ибраими во 19. минута. Само да напоменеме дека на овој дуел не настапија Барсегјан и Новак, а од 57. минута во игра влегоа и младите Талески, Бериша, Адем, Реџепи, Колевски, Илиќ, Серафимов..

Првиот дел нашиот тим го одигра одлично, иако играше подобро по една грешка на Тошевски, во 19. минута Ибраими излезе сам пред Гачевски и стрелаше прецизно за 1:0. По овој гол, Вардар продолжи да игра уште по добро, па така во 28.минута Мицевски нафрли една одлична топка, а Исени од 5-6 метри со глава биеше прецизно за 1:1.

fkv-tose

Во вториот дел исто така Вардар беше подобар противник. Од 57. минута во игра влегоа Серафимов, Реџепи, Најдовски, Адем, Марковиќ, Бериша, Талески и Колевски и сите одиграа одлично. Шансите се редеа, па така во 75. минута со прецизен удар од 15-сетина метри Вања Марковиќ на својот роденден стрелаше за предност на нашиот тим од 1:2. Со овој резултат заврши дуелот па така Вардар забележа уште една победа, втора од исто толку мечеви.

ДОМЖАЛЕ – ВАРДАР             1:2 (1:1)

Домжале, стадион: „Домжале Спортс Парк“.

Стрелци: 1:0 Ибраими 19’, 1:1 Исени 28’, 1:2 Марковиќ 75’

Ж. Картони: Урбанчиќ (Д).

ДОМЖАЛЕ: Милиќ, Клеменчиќ, Широк, Бизјак, Ибраими, Морис, Ибричиќ, Мелнјак, Урбанчиќ, Черин, Хусмани.

Уште играа: Мулаиќ, Гучек, Челик, Урх, Шипек, Николсон, Грегорин, Аземовиќ, Хебај, Тубиќ.

ВАРДАР: Гачевски (57’ Илиќ), Тодороски (46’ Брдаровски), Тошевски (57’ Серафимов), Попов, Антовски (57’ Реџепи), Битанг (57’ Најдовски), Исени (57’ Адем), Мицевски (57’ Марковиќ), Попзлатанов (57’ Талески), Цветаноски (57’ Бериша), Јуфо (57’ Колевски).