Вардар и ПСЖ се сместени во првиот барабан, при извлекување на ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите. Тоа значи дека двете екипи не можат да играат заедно во една од најсилните групи од ЛШ. Во најсилните групи ќе бидат екипите на Киелце, Пик Сегед, Барселона, Фленсбург, Скјерн, Брест Мешков, ППД Загреб, Веспрем, Мотор Запорожје, Монпелје, Кристијанштад, Целје Рајн-Некар и Нант. Сите овие екипи се потенцијални противници на црвено-црните, во една од најсилните групи.
Ждрепката ќе се одржи на 29-ти јуни во Виена, по што ќе бидат познати сите противници на Вардар, во групната фаза.