Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Заврши летниот преоден рок, Вардар го задржа “сребрениот тим“ во целост
Куглање: Заврши летниот преоден рок, Вардар го задржа “сребрениот тим“ во целост

Куглање: Заврши летниот преоден рок, Вардар го задржа “сребрениот тим“ во целост

Вчера, 20-ти јуни заврши летниот преоден рок во македонското куглање, во истиот немаше потреси во црвено-црниот кугларски колектив.

Вардар не загуби ниту еден играч од ланскиот “сребрен“ тим кој заврши на вице-шампионската позиција во Македонската кугларска лига зад шампионот, КК Макпетрол и пред сите други конкуренти. Драги Димитровски и во идната сезона 2018/2019 година на располагање ќе го има истиот ростер со кој лани дојде до второто место во МКЛ.

Составот на Вардар кој останува и во новата сезона е следен: Дарко Димитровски,  Коста Ристевски, Георг Поп-Крстев, Згонц Маријан, Миле Димовски (капитен), Бранко Митиќ,  Влатко Гиевски, Тони Тодоровски и Стојановски.