Разочарувачки, Вардар на полувреме губи со високи 3:0 од тимот на Балзан од Малта. Иако Вардар игра со речиси втор состав, сепак, овој резултат е многу висок со оглед на тоа што Балзан не е некоја екипа со голем број квалитетни играчи.
Нашиот тим првиот гол го прими во 38. минута, кога еден играч на противникот од над 30. метри го совлада Кировски. Во 40. минута постигнаа уште еден гол противниците за 2:0, а во последниот напад пред крајот на првиот дел, преку една контра дојдоа и до високи 3:0.
Се надеваме дека во вториот дел нема да примиме уште повеќе погодоци.